Emre Aytekin
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекуваните лица од новиот тип коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 480.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци на интернет-страницата „Worldometer“, бројот на излекуваните лица низ светот достигна 484.748.
Најголем број на излекувани пациенти од Ковид-19 има во Кина, каде што од вирусот се излекувани и од болница пуштени 77.816
По Кина, по бројот на излекувани е Германија со 72.600, потоа Шпанија со 67.504. Во Иран од Ковид-19 се излекувале 48.129 лица, во САД 38.820, во Италија 37.130 и во Франција, 28.805.
Со Ковид-19 во светот се заразени повеќе од 2 милиони лица, а од последиците на вирусот починаа 126.758.
Во болниците низ светот моментално се лекуваат 1.338.737 лица.