Dmitri Chirciu
10 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
МОСКВА
Во Русија во изминатите 24 часа се регистрирани 14.494 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени надмина четири милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во истиот период борбата со Ковид-19 ја изгубиле 536 лица и дека вкупниот број на починати се зголемил на 78.134.
Во соопштението се наведува дека во изминатиот ден е забележан најмал број на новозаразени од 17 октомври 2020 година.
Вкупниот број на заразени моментално изнесува 4.012.710, додека од почетокот на пандемијата се излекувани 3.516.461 лица.
Русија по бројот на заразени од Ковид-19 се наоѓа на четврто место во светот, по САД, Индија и Бразил.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека здравствениот систем активно се бори против пандемијата на коронавирусот и додаде дека е задоволен со начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин се бори против пандемијата.
Некои од мерките воведени против ширењето на Ковид-19 во Москва се ублажени по подобрувањето на епидемиолошката состојба.
По укинувањето на мерките, дозволена е работа на ресторани, барови и кафулиња чија работа беше забранета од 23 до шест часот.
Носењето заштитна маска ќе биде задолжително на јавните простори, во јавниот и такси превоз, паркинг зони и лифтови до 12. февруари.
Во рамките на масовната вакцинација, која со одлуката на претседателот Путин започна на 18. јануари, до сега се вакцинирани повеќе од два милиони жители на Русија.
Вакцинацијата се врши со вакцината „Спутник V“ (GamKovidVak), која ја разви Националниот институт за епидемиологија и микгобиологија Гамалеја.