Mehmet Nuri Uçar
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот премиер на Либија, Махмуд Џибрил, почина поради заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на египетските медиуми, Џибрил на 27 март бил тестиран за Ковид-19 во египетскиот главен град Каиро, кој бил позитивен на овој вирус. Тој потоа бил хоспитализиран.
Здравствената состојба на Махмуд Џибрил била влошена денес, кој потоа починал покрај сите интервенции.
Џибрил е роден во 1952 година во либискиот град Бингази. Во 2011 година ја вршеше функцијата премиер на Националниот транзиционен совет формиран против режимот на соборениот либиски лидер, Муамер Гадафи.