Barış Seçkin
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 525 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 15.887 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 91.246 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 128.948 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 819 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 21.815 лица.
Според него, во последното деноноќие починале уште 525 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 15.887 лице. Оваа бројка е најниската бројка регистрирана од 19 март досега што се однесува на починатите лица на дневна база.
Борели рече дека денес биле откриени 2.972 нови случаи со Ковид-19.
Во Италија досега за 691.561 лице биле извршени тестирања за Ковид-19.