Hakan Çopur
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.340 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 8.503 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци споделени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 биле заразени уште 33.712 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 312.249 лица.
Се вели дека во последните 24 часа починале уште 1.340 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 8.503 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Италија со 130.000 случаи, и Шпанија со 124.000 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 114.174 случаи и 3.565 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (34.123 случаи, и 846 починати) и Michigan (14.225 случаи, и 540 починати).