Agim Sulaj
19 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 10 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.568, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 340 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 65.690.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.715 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 280.071 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 57.385 лица. Во моментов во земјата има 6.737 активни случаи.