Gülşen Topçu
19 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
Израел соопшти дека работи заедно со Соединетите Американски Држави (САД) за развивање на одбранбен систем од новата генерација против балистички проектили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за одбрана на Израел.
Во соопштението се вели дека заедно со САД започнале со развивање на одбранбен систем од новата генерација против балистички проектили „Ароу (ХИТС)-4“.
Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, преку писмено соопштение рече дека „Aроу-4“, кој е заеднички развиен со САД, ќе овозможи голем напредок и на терен, и од технички аспект.
Инаку, Израел поседува неколку ракетни одбранбени системи, како „Железна купола“, „Aроу-2“ и „Aроу-3“.