Dildar Baykan
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Центарот за контрола и превенција на болести на САД (CDC) соопшти дека на секое лице кое од 26 јануари со авион ќе допатува во Соединетите Американски Држави (САД), ќе му се побара негативен тест за Ковид-19 не постар од 72 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди директорот на Центарот, Роберт Редфилд.
„Тестот не ги елиминира сите ризици, но нашите патувања може да бидат побезбедни и поздрави кога се поддржуваат со мерки како останување дома, носење на маска и социјална дистанца“, рече тој.
Редфилд нагласи дека оваа одлука ќе стапи на сила од 26 јануари.