свет, Коронавирус

САД: Билансот на починати поради Ковид-19 надмина 7.000 лица

Според последните податоци споделени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 биле заразени уште 32.936 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 278.537 лица

Hakan Çopur  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
САД: Билансот на починати поради Ковид-19 надмина 7.000 лица

ВАШИНГТОН (АА) - Во САД во последните 24 часа починаа 1.105 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 7.163 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во САД кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.

Според последните податоци споделени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 биле заразени уште 32.936 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 278.537 лица.

Се вели дека во последните 24 часа починале уште 1.105 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 7.163 лица.

Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Италија со 124.736 случаи, и Шпанија со 119.827 случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 103.169 случаи и 2.935 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (29.895 случаи) и Мичиген (12.744 случаи).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın