Балкан, Коронавирус

Србија: Вкупно 1.624 заразени со Ковид-19

Стевановиќ истакна дека во последните 24 часа починале уште пет лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, и дека во последните 24 часа се тестирани уште 645 лица, од кои 148 биле позитивни

Andelija Stojkovic  | 04.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Србија: Вкупно 1.624 заразени со Ковид-19

БЕЛГРАД (АА) - Директорот на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Србија, Горан Стевановиќ, изјави дека досега се потврдени вкупно 1.624 случаи на коронавирус во Србија и дека досега починале 44 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тој на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа починале уште пет лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, и дека во последните 24 часа се тестирани уште 645 лица, од кои 148 биле позитивни. 

Стевановиќ додаде дека вкупно се хоспитализирани 1.046 лица, а дека 89 лица се на респиратор. Вкупно во Србија се тестирани 6.401 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın