Samir Kajoševic
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ПОДГОРИЦА (AA) - Шефот на црногорскиот Кризен оперативен штаб за здравство Ранко Лазовиќ рече дека во наредните седмици се очекува најтешкиот период во врска со епидемијата на коронавирусот во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лазовиќ рече дека медицинската и заштитната опрема која денес стигна во Црна Гора ќе ги задоволи потребите на здравствениот систем во период на врвот на епидемијата.
Два нови случаи на коронавирусот потврдени се во Црна Гора.
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора рекоа дека денес се анализирани 28 примероци, од кои два беа позитивни.
„Новиот коронавирус е потврден кај две лица. Се работи за случаи од Тиват и Подгорица кои за сега немаат јасна епидемиолошка поврзаност со доказаните случаи и чии истражувања се во тек", наведуваат од Институтот.
Се истакнува и дека во Црна Гора вкупно се инфицирани 84 лица со коронавирусот, додека под здравствено-санитарен надзор се наоѓаат 6.278 лица.