Emre Aytekin
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 100.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет страницата „Worldometer“, бројот на починати поради Ковид-19 во светот се искачи на 100.260, а бројот на откриени случаи се искачи на 1 милион 647 илјади и 624 лица.
Најмногу лица починаа во Италија, каде се регистирани 18.849 смртни случаи од оваа пандемија.
По Италија, следат САД со 17.919 починати, Шпанија со 15.970 починати, Франција со 12.210 починати, Велика Британија со 8.958 починати, и Иран со 4.232.
Во Кина, земја каде се појави Ковид-19, починаа 3.336 лица.
Земјите каде бројката на починати од Ковид-19 надмина 1000 лица, се: Белгија со 3.019 починати, Германија со 2.607 починати, Холандија со 2.511 починати и Швајцарија со 1.001 починат.
Ширум светот излекувани се 369.108 лица заразени со Ковид-19 ширум светот, се излекувани, додека сеуште постојат 1 милион 178 илјади и 256 активни случаи.