Турција

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, гостин на Уредничкиот деск на АА

„Турските власти ќе ги стават во карантин заразените пациенти од Кина, доколку пристигнат во Турција“

Mehmet Tosun  | 22.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, гостин на Уредничкиот деск на АА

АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, изјави дека според податоците на Светската здравствена организација, бројот на смртни случаи поврзани со грипот во светот варира помеѓу 290.000 и 650.000, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коџа, кој беше гостин на Уредничкиот деск на АА, зборуваше за грипот и епидемијата, како во Турција така и пошироко.

Според неговите зборови, грипот претставува посебен ризик за децата помлади од пет години, возрасните лица постари од 65 години, хронично болните и бремените жени.

Тој советуваше однесување во согласност со препораките на лекарот.

Тој додаде дека во сезоната кога грипот е потежок, неопходно е да се избегнуваат простории со многу луѓе, контакт со лица што имаат грип и дека се препорачува одмор и консумирање многу течности.

Тој предупреди дека грипот може да се шири со кивање, затоа е неопходно да се избегне контакт со деца или возрасни кај кои тој е забележан, а треба да се посвети посебно внимание на хигиената на рацете.

„Симптомите на грип“, објаснува министерот Коџа, „се кивање, течење на носот, покачена температура, болки во телото и главата и слично.“

Сепак, тој исто така објасни дека секое кивање не значи грип, туку дека може да биде и настинка.

Тој додаде дека антивирусните средства се особено ефикасни во првите 48 часа и треба да се консумираат по совет на лекар.

Тој се осврна и на коронавирусот од Вухан, Кина, за кој рече дека не претставува ризик за Турција.

„Турските власти ќе ги стават во карантин заразените пациенти од Кина, доколку пристигнат во Турција“, изјави Коџа.

„Министерството за здравство подоцна ќе одржи состанок за проценка на ризикот од вирусот“, додаде тој.

Појавата на вирусот што предизвикува симптоми кои наликуваат на пневмонија, предизвика загриженост кај здравствените власти во Кина и другите региони поради можноста за неговото проширување.

Освен Кина, вирусот се прошири и во Тајван, Јапонија и Јужна Кореја.

Досега вирусот одзеде девет животи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın