Agim Sulaj
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Мисијата на КФОР во Косово соопшти дека денес е потврден првиот случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19) кај нивниот персонал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
КФОР случајот го потврди преку соопштение, во кое се наведува дека ќе продолжат со извршување на нивната мисија мандатирана од страна на Обединетите нации (ОН).
„КФОР ќе продолжи да ја извршува својата мисија мандатирана од страна на ОН за придонесување во зачувување на мирна и безбедна средина, и слободата на движењето за доброто на сите заедници во Косово, додека презема мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, следејќи ги упатствата на Светската здравствена организација“, се вели во ова соопштение.
Досега во Косово со овој вирус заразени се 227 лица, од кои 38 излекувани лица и 7 починати.