Балкан

Косово: Покренато обвинение против три лица за учество во терористичка група

Како што е соопштено од Специјалното обвинителство, обвинението е покренато против три лица за кривично дело „организирање и учествување во терористичка група", по член 143, став 2, од Кривичниот законик на Косово

Zülfiya Yakup  | 09.12.2019 - Обновена : 09.12.2019
Косово: Покренато обвинение против три лица за учество во терористичка група

ПРИШТИНА (AA) – Специјалното обвинителство на Република Косово покрена денес обвинение во Основниот суд во Приштина против три лица за учествување во активностите на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што е соопштено од Специјалното обвинителство, обвинението е покренато против три лица за кривично дело „организирање и учествување во терористичка група", по член 143, став 2, од Кривичниот законик на Косово.

„Специјалното обвинителство соопштува дека се обвинети М.Т,, В.Т-Д., и Ш.Т., намерно учествувале во активностите на терористичката организација, заминувајќи во Сирија и придружувајќи се на терористичката, милитантна, екстремистичка организација ДЕАШ, поддржувајќи ја оваа организација и нејзините активности и цели", се наведува во соопштението.

Се додава дека откако што сопругот на обвинетата М.Т. бил во Сирија веќе неколку месеци и се вратил на кратко, целото семејство одлучило да се приклучи во војната на ДЕАШ, иако знаеле дека таквиот чин е незаконски, како и обвинетата В.Т-Д., која со својот сопруг и мала ќерка на 5 октомври 2014 година, преку граничниот премин Елезов Хан го напуштила Косово и отишле во Скопје, потоа од аеродромот во Скопје за Турција, а потоа во Сирија.

Обвинетата М.Т. со својот сопруг на 4 ноември 2014 година отпатувала по истиот пат во Сирија, додека обвинетата Ш.Т. мајка на обвинетите М.Т. и В.Т-Д, на 21 септември 2015 година, заедно со своите двајца синови, преку меѓународниот аеродром Приштина, отпатувала за Турција, а од Турција во Сирија.

„Таму секоја поединечно, користејќи го редовниот месечен износ на пари на ДЕАШ, пружала логистички услуги на машките членови на семејството кои активно се бореле, постојано менувајќи престојувалиште во зависност од промената на територијата на ДЕАШ, се додека ДЕАШ не претпрел тотален пораз", се вели во соопштението.

Во соопштението од Обвинителството се додава дека овие лица биле депортирани во Косово на 24 мај 2019 година.

Косовскиот министер за правда, Абелард Тахири, во април оваа година, соопшти дека 110 косовски граѓани, главно жени и деца, кои престојувале во Сирија, се вратиле во Косово. Тахири тогаш изјави дека на нивното враќање се работело од октомври минатата година, додека Работната група била водена со помош од Соединетите Американски Држави (САД) и другите држави кои се во сојуз против тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın