Zülfiya Yakup
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ПРИШТИНА (AA) - Полицијата на Косово соопшти дека трага за двајца осомничени за случајот во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, кој го истражува Дирекцијата за истрага на тешки злосторства во соработка со Специјалното обвинителство на Косово (SPRK), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Полицијата на Косово, со одобрение на Специјалното обвинителство, на медиумите им се доставени фотографии на двајца осомничени за случајот со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ од 16 јануари 2018 година во Северна Митровица.
„Полицијата на Косово бара од граѓаните на Косово, секој кој има информации за осомничените на приложените форографии, да ја извести Полицијата на Косово преку доверлив телефонски број 9, електронска пошта, или да се јави во најблиската полициска станица“, се наведува во соопштението.
Како што се додава, објавувањето на овие фотографии има за цел граѓаните кои можат да помогнат да ги идентификуваат овие две осомничени лица.
Лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, убиен е во атентат пред седиштето на неговата партија во Северна Митровица кога на него пукаа непознати лица од возило во движење.