свет, Коронавирус

Меркел: „Ковид-19 е многу пострашен од банкарската и финансиска криза во 2008“

Меркел за време на телеконференцијата изјави: „Последиците од пандемијата на Ковид-19 се многу пострашни од оние до кои дојде по банкарската и финансиска криза во 2008 година.“

Cüneyt Karadağ  | 27.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Меркел: „Ковид-19 е многу пострашен од банкарската и финансиска криза во 2008“

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, за епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19 рече дека овој вирус ги ставил во многу пострашна ситуација земјите од светот, отколку што се нашле по економската и финансиска криза во 2008 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларката Меркел, која се наоѓа во домашен карантин со цел да се заштити од новиот тип коронавирус, по учеството на Самитот на ЕУ, што се одржа со видеолинк, одржа телеконференциска прес-средба за медиумите.

Меркел за време на телеконференцијата изјави: „Последиците од пандемијата на Ковид-19 се многу пострашни од оние до кои дојде по банкарската и финансиска криза во 2008 година.“

Покрај тоа Меркел истакна дека како Европска Унија донеле одлука во која ја изразуваат својата одлучност за заедничка борба против новиот тип коронавирус.

Меркел истакна дека засега нема никаква причина поради која би се ублажиле преземените мерки за превенција од коронавирусот, барајќи од сограѓаните да бидат трпеливи.

На прашањето како канцеларката го минува своето време во карантин, Меркел одговори: „Имам голем број видео и телефонски разговори. Ми недостасува личното присуство на состанокот на Советот на министри и тет-а-тет средбите.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.