Emre Gürkan Abay
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Руското министерство за одбрана потсети дека Турција започнала операција во Африн поради што Пентагон обезбеди оружје за про-американските вооружени групи во Сирија, и додаде: „Неодговорните однесувања на САД во Сирија го загрозуваат процесот за решение во земјата“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмено соопштение на руското Министерство за одбрана се наведува дека провокативните чекори на САД се главен фактор кои придонесоа за зголемување на кризната состојба во северозападниот дел на Сирија.
Според ова соопштение, САД формирајќи региони во Сирија кадешто курдското население е интензивно, сака да ги изолира овие региони.
„Турција започна операција во Африн поради што Пентагон обезбеди оружје за про-американските вооружени групи во Сирија. Неодговорните однесувања на САД во Сирија го закануваат процесот на Женева и процесот за решение во земјата“, се вели во ова соопштение.
Турските вооружени сили (ТСК), во 17:00 часот по локално време, ја започнаа офанзивата 'Маслинова гранка' во Африн кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, со цел неутрализирање на терористите, припадници на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ, и со цел спасување на пријателскиот и братскиот народ во регионот од суровоста на овие терористи.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници кои се наоѓаа во Африн, се префрлени во Тел Рифат, со цел обезбедување на безбедноста на овие војници.