Hakan Çopur
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, говорејќи за употребата на хемиско оружје од страна на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, изјави дека САД главната одлука ќе ја донесат во рок од 24 до 48 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа, за медиумите даде изјава во врска со последниот напад со хемиско оружје што силите на Асад го извршија во Сирија.
Нарекувајќи го нападот ужасен, рече дека внимателно ја следат ситуацијата и дека ќе донесат одлука во следните 24 до 48 часа.
Додаде дека вакви масакри не смеат да се повторуваат и дека во многу краток рок, можеби до крајот на денот, ќе донесат одлука.
Беше запрашан дали преговара за воена опција.
„Не се отфрла ниедна опција“, одговори Трамп, додавајќи дека ќе востановат дали е виновна Русија, Сирија или Иран, или сите заедно.
Запрашан дали рускиот претседател Владимир Путин има одговорност за нападот, Трамп рече дека е можно.
Потсети дека Сирија, Русија и Иран претходно истакнаа дека не се одговорни за нападот, а тој нема сомнение за тоа кој е или кои се одговорните за нападот. Меѓутоа, тој додаде дека генералите ќе се справат со тоа во краток рок.
Трамп вечерва треба да се состане со високи претставници на американската војска.
Во нападот со хемиско оружје на сирискиот режим врз населените места во Дума, последното место во Источна Гута под контрола на опозицијата, загинаа 78 цивили.
Трамп на Твитер го нарече Асад животно и порача дека одговорните за нападот ќе платат висока цена.