Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ИДЛИБ (АА) - Во експлозија во седумкатна зграда во Идлиб, Сирија, загинаа најмалку 15 цивили, а 36 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилната заштита во Идлиб (Бели шлемови), Мухамед Хаџ Јусуф, за АА изјави дека причината за експлозијата е непозната.
Меѓу 36-те повредени се наоѓаат претежно деца. Ранетите се пренесени на лечење, а меѓу нив има и лица во критична состојба.
По експлозијата, голем дел од зградата се сруши, а тимовите на Цивилната заштита се на теренот спроведувајќи акции за спасување.
Хаџ Јусуф рече дека дополнително ќе се знае причината за експлозијата. Поради детонацијата, причинета е штета и на околните објекти и возила.