Ekipa
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал, која во март заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен отров во Велика Британија, пуштена е од болница, јавуваат британските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Триесетгодишната ќерка на рускиот шпион е пуштена од болницата во Сaлсбери и е пренесена на безбедна локација.
Сергеј Скрипал е задржан во болница, но неговата здравствена состојба брзо се подобрува, се објавува од болницата.
Таткото и ќерката се пронајдени на 4 март во англискиот град Сaлсбери, откако се затруени со нервен отров.
Британските власти тврдат дека Русија стои зад воениот нервен отров, додека тие наводи Русија ги негира.
Овој случај предизвика дипломатска криза меѓу Москва и западните земји.