Berad Büyük
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот олимписки комитет (IOC) соопшти дека Олимписките игри во Токио 2020 година, закажани од 24 јули до 9 август, се одложени поради појавата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на веб-страницата на Меѓународниот олимписки комитет (IOC) беше објавено дека претседателот на овој комитет, Томас Бах, и јапонскиот премиер Шинзо Абе, на состанокот што го одржале преку видеоконференција во согласност со информациите добиени од Светската здравствена организација донеле одлука Олимписките игри да бидат одложени за 2021 година.
Исто така се одложени и Параолимписките игри 2020 година, што беа планирани да се одржат во Токио од 25 август до 6 септември.
Соопштено е дека олимпискиот оган ќе остане во Јапонија сè додека не се одржат игрите.
Беше истакнато и дека имињата на Олимпијадата ќе останат исти, Олимписки игри Токио 2020 година и Параолимписки игри Токио 2020 година.