Muhammed Emin Canik
25 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, кој беше позитивен на Ковид-19 на почетокот на јули, соопшти дека се излекувал од вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Болсонаро, во објавата на својот профил на социјалните мрежи, истакна дека четвртиот тест за Ковид-19 е негативен.
На Болсонаро Ковид-19 му беше дијагностициран на 7 јули. Екстремно-десничарскиот бразилски претседател беше позитивен и на другите два теста за коронавирусот.
65-годишниот Болсонаро, кој се наоѓаше во карантин во претседателската резиденција „Алворада“, истакна дека благодарение на лекот хидроксихлорокин состојбата веднаш почнала да му се подобрува.
Претседателот Болсонаро претходно беше критикуван за потценување на вирусот Ковид-19 и дека не ги презема неопходните мерки за претпазливост против епидемијата. Тој на почетокот Ковид-19 го опиша како мал грип.