Şenhan Bolelli
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
МАДРИД (АА) - Растот на случаите на Ковид-19 во Шпанија, особено во автономните региони Каталонија и Арагон на истокот на земјата, започнаа да предизвикуваат загриженост и во другите европски земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По Франција, и Белгија ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Каталонија.
Министерство за надворешни работи на Белгија соопшти дека се забрануваат патувања за градот Хуеска, во областа Арагон и градот Леида во Каталонија, без одредена потреба.
Исто така, граѓаните од тие два града кои доаѓаат во Белгија ќе бидат задржани во карантин 14 дена како мерка за претпазливост.
Францускиот премиер, Жан Кастекс, во вчерашната изјава ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Каталонија и рече дека воделе разговори со шпанската Влада за воведување нови ограничувања на граничните премини помеѓу Франција и Шпанија.
Од друга страна, автономната администрација на Каталонија објави дека во последните 24 часа регистрирани се 1.493 нови случаи. Во моментот во Каталонија на интензивна нега се наоѓаат 71 пациент, а над 300 пациенти се лекуваат.
Според најновите податоци што ги објави шпанското Министерство за здравство вчера, од Ковид-19 досега во земјата починале 28.432 лица, а регистрирани се вкупно 272.442 случаи на Ковид-19.