Yusuf Özcan
25 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН -
Франција, која подготвува Нацрт-закон под називот „борба против политичкиот ислам“ кој директно е насочен кон муслиманите, антиисламизмот го претвора во постојана политика.
Жан Кастекс, кој неодамна беше назначен за премиер на Франција, во периодот кога земјата ја тресе социјална и економска криза, ги покрена дискусиите за исламофобија откако минатата недела во Националното собрание рече дека приоритет на Владата е борбата против политичкиот ислам.
Изјавите на претседателот Емануел Макрон насочени против исламот пред првиот круг локални избори во градот Милуз привлекоа големи реакции.
„Еден дел од општеството во име на исламот сакаат да развијат нов политички проект“, рече Макрон, кој во претходните изјави ги критикуваше родителите кои не сакаат своите девојчиња да ги испраќаат на базен.
Се забележува дека Макрон со овие зборови води деградирачка политика против муслиманите.
Макрон, наместо да презентира проекти што ќе ги решат проблемите што се однесуваат на животот на Французите, се обидува да преземе чекори што не ја отсликуваат вистината за исламот и ги ставаат муслиманите во тешка ситуација.
Макрон, кој беше поразен на локалните избори и неговата популарност сериозно опадна, сите погледи ги сврте кон претседателските избори кои ќе бидат одржани во 2022 година.
- Се приближи до екстремната десница -
Експертите, наведувајќи дека ставовите на Макрон за исламот се менувале со текот на времето, посочија дека се тие доближиле до екстремно десната линија и се под влијание на десницата и екстремната десница.
Нацрт-законот, за кој ќе се расправа и ќе се гласа во Националното собрание во септември, го зајакнува ставот дека политиката која е обидува да ја спроведе Макрон е против исламот.
Според информациите во францускиот печат, Нацрт-законот се очекува да вклучува рестриктивни мерки против муслиманите.
Франција, која се брани со вредноста што ја придава на човековите права и демократијата, е позната како една од земјите со најголеми антиисламски практики во Европа.
Франција, која има безгранична толеранција кон другите религиозни групи, кога станува збор за исламот не се двоуми да ги крши правата на муслиманите што живеат во земјата.
Францускиот пратеник Жулиен Одул на состанокот во Бесанкон од жена муслиманка побара да ја тргне шамијата пред нејзиниот син и ја нападна вербално.
По настанот, во земјата започна дебата и се зголемија изјавите чија цел беа муслиманите.
- „Овој Нацрт-закон ќе има негативно влијание врз муслиманите“ -
Во својата изјава за дописникот на АА, истражувачот на Католичкиот институт во Париз, Жамел Ел Хамри, истакна дека Владата дала приоритет на Нацрт-законот за борба против „сепаратистичките идеи“, без да се осврне на економските, социјалните и здравствените проблеми.
Потсетувајќи дека „Жолтите елеци“ веќе извесно време одржуваат демонстрации во земјата против пензиските реформи и полициското насилство, Ел Хамри вели дека овие се прашањата кои повеќе ги интересираат Французите, но Владата свесен приоритет им дала на прашањата поврзани со исламот.
Наведувајќи дека Макрон се консултирал со поранешниот десничарски претседател Никола Саркози и ги слушал неговите мислења, Ел Хамри рече дека антиисламизмот во земјата постои веќе долго време.
Ел Хамри, исто така, потсети дека ова прашање ги засега сите во земјата.
„Во последните 20 до 30 години, и левичарските и десничарските влади ги користат прашањата поврзани за исламот и муслиманите за да ги сокријат своите недостатоци и да не ги решаваат прашањата кои се однесуваат на Французите“, нагласи Ел Хамри, додавајќи дека е потребен нов проект во земјата каде ќе се почитуваат муслиманите.