Mustafa Deveci
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници луѓе во Израел излегоа на демонстрации на кои бараат оставка на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради корупција и неуспехот во борбата против епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрациите продолжуваат со голем интензитет низ Израел, кој е погоден од вториот бран на Ковид-19 и каде невработеноста надмина 20 проценти.
Демонстрантите во различни градови на земјата, особено во Западен Ерусалим и Тел Авив, излегоа на улиците барајќи оставка на Нетанјаху.
Полицијата презеде опсежни безбедносни мерки во местата каде што се одвиваат демонстрациите.
Некои од демонстрантите носеа црно-црвени знамиња и маички со натписот „премиер на криминалот“, алудирајќи на израелскиот премиер Нетанјаху.
Мал број приврзаници на Нетанјаху, исто така, одржаа демонстрации пред резиденцијата на премиерот за поддршка на израелскиот премиер.
Полицијата постави барикади меѓу двете групи за да се избегнат тензии.
Според информациите на фоторепортерот на АА, кој ги следи протестите, еден демонстрант бил приведен од израелската полиција заради тоа што носел палестинско знаме.