Emel Öz Gözellik
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Кандидатот на радикалната десница, Жаир Болсонаро, е победникот на вчера одржаниот прв круг претседателски избори во Бразил, пренесува Anadolu Aency (AA).
Во Бразил вчера се одржаа претседателски, како и парламентарни избори, на кои се избираше нов состав на Сенатот и Претставничкиот дом на Парламентот, и гувернери на покраините.
„Би-би-си“ (BBC) јавува дека радикално десничарскиот политичар Болсонаро, според прелиминарните резултати, освоил 46 отсто од гласовите.
Неговиот најголем ривал, левичарот Фернандо Хадад, доби поддршка од 29 отсто од гласачите.
Болсонаро освои 49 милиони, а Хадад 31 милион гласови.
Со оглед на тоа што ниту еден кандидат не освои повеќе од половина од мнозинството гласови, вториот круг избори ќе се одржи на 28 октомври.
Изборната комисија на Бразил соопшти дека за време на изборите не се забележани поголеми инциденти и дека изборниот процес поминал во мирна атмосфера.
Аналитичарите и анкетите во пресрет на изборите му даваа предност на Болсанаро, кој е поранешен капетан на бразилската Војска и кој за време на предизборната кампања најавуваше жестока борба против корупцијата и криминалот во Бразил.