свет

Во Сирија започнаа првите избори за Народното собрание по падот на режимот на Асад

- По падот на режимот на Асад, денес се одржуваат избори во Сирија со 1.574 кандидати за пратеници кои се натпреваруваат во 50 области на 11 провинции, без провинциите Свеида, Рака и Хасака

Ahmet Karaahmet, Eşref Musa  | 05.10.2025 - Обновена : 05.10.2025
Во Сирија започнаа првите избори за Народното собрание по падот на режимот на Асад

ДАМАСК (АА) - По падот на режимот на Асад, денес се одржуваат избори во Сирија со 1.574 кандидати за пратеници кои се натпреваруваат во 50 области на 11 провинции, без провинциите Свеида, Рака и Хасака, известува Анадолу.

Со одлука на Врховниот изборен комитет, изборите за Народно собрание се одржуваат во 50 области на 11 провинции, без провинциите Рака, Свеида и Хасака, за кои ќе биде резервиран бројот на пратенички места.

На изборите за Народно собрание, што во Дамаск се одржаа во Националната библиотека, присуствуваа и палестинските и јеменските амбасадори и привремениот вршител на должноста амбасадор на Турција во Дамаск, Бурхан Ќороглу.

Изборите, кои започнаа во 9:00 часот наутро во 11-те провинции на Сирија, се очекува да завршат во 12:00 часот.

Прелиминарните резултати се очекува постепено да бидат објавени во медиумите во текот на денот, а конечните резултати се очекува да бидат објавени на 6 и на 7 октомври.

Од вкупно 210 пратеници во Народното собрание, 140 ќе бидат избрани од членови на избирачкиот одбор, а 70 ќе бидат назначени од претседателот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.