Diyar Güldoğan
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Владимир Путин денес официјално ја поднесе кандидатурата за четвртиот мандат на претседателските избори во Русија кои ќе се одржат во март, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин ги достави своите документи за номинација до Централната изборна комисија, се вели во соопштението на Кремљ.
Според руската државна новинска агенција ТАСС, комисијата ги прифатила документите.
Во понеделникот, Централната изборна комисија ја отфрли кандидатурата на опозицискиот лидер Алексеј Навални за претседателските избори, поради, како што беше соопштено, обвиненијата за корупција и условната казна.
На 6 декември, Путин објави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претседателските избори.
Доколку победи, Путин ќе биде на функцијата претседател до 2024 година, што значи како претседател на Русија ќе служи вкупно 20 години, од 2000 година, не сметајќи ги двата мандати како премиер на државата.