Sayed Khodaberdi Sadat
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад во авганистанската покраина Хелманд ранети се 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Хелманд, Омер Зувак, изјави дека бомбашот-самоубиец за цел ги имал припадниците на безбедносните сили кои чекале на влезот 505 на Регионалната команда во Хелманд.
Тој истакна дека се ранети 14 припадници на безбедносните сили и еден цивил, а биле уништени неколку воени возила.
Одговорност за нападот презедоа талибанците.