Doğa Kırmızıoğlu
13 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
АНКАРА (АА) - Младиот фудбалер на англискиот премиерлигаш Челси, Калум Хадсон-Одои, е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди овој клуб.
Во соопштението се нагласува дека персоналот што имал контакт со 19-годишниот фудбалер, сите други фудбалери, како и техничката екипа на клубот се задржани во карантин.
Челзи утре треба да игра против Астон Вила.