Dejan Maksimoviç
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ЛОНДОН (АА) - Алваро Мората, напаѓачот од лондонски Челси, призна дека минатата сезона имал желба да се врати во Италија или во Шпанија, каде што играше за Јувентус и за Реал Мадрид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и петгодишниот шпански фудбалер минатото лето стигна во Премиер лигата од Торино, но по слабата сезона со Челси размислувал за заминување од Англија. По одличниот старт во дресот на „сините“, Мората за цела сезона постигна само 11 гола.
Ова лето беше поврзуван со преминот во Милан и Јувентус, но сепак остана на Станфорд Бриџ.
„Минатата сезона не бев среќен. Сè беше катастрофално. Ќе излезев на терен и не знаев каде сум. Летото размислував за повторно играње во Италија или Шпанија. Сепак, останав овде и сега сакам да се вратам во форма“, рече Мората за шпанските медиуми.
Оваа сезона Мората под водство на новиот менаџер на „сините“, Маурицио Сари, одигра пет натпреварувачки меча и постигна еден гол.