Ercan Doğan
15 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ИСТАНБУЛ (AA) – Фудбалерите на Ливерпул го освоија Суперкупот на Европа, откако во Истанбул ја совладаа екипата на Челси, јавува Anadolu Agency (AA).
Актуелните освојувачи на УЕФА Лига на шампионите и Европа лигата, Ливерпул и Челси вечетва на стадионот на Бешикташ „Водафон Арена" го одиграа мечот од Суперкупот на Европа.
Одличната фудбалска претстава од трибините ја гледаа повеќе од 40.000 гледачи, а за безбедноста на стадионот и околу стадионот беа ангажирани 15.000 полицајци.
Интересно е што правдата на теренот во Истанбул ја делеше Стефани Фрапарт од Франција. Тоа е прв пат во историјата жена да суди дуел на машки тимови во натпреварувањата на Европската фудбалска федерација. Нејзини помошнички беа Мануела Ноколоси од Франија и Мишел Онил од Ирска. Улогата на четврти судија му припадна на турскиот арбитар Џунејт Чакир.
„Редсите" имаа нешто погледа поддршка од трибините и мечот го отворија со добра шанса на Мухамед Салах. На другата страна шанса имаше напаѓачот на Челси,Педро, кој на отворањето на мечор ја погоди пречката.
Тимот на Челси поведе поведе во 36 минута. Голот го постигна Оливер Жиру по одлична акција и асистенција на Кристиан Мате Пуличиќ.
Американскиот фудбалер со хрватско потекло Пулишиќ пет минути подоцна постигна нов гол за Челзи, но судиите оправдано досудија офсајд и резултатот остана непроменет.
Ливерпул успеа уште на почекотот на второто полувреме да изедначи на 1:1, а голот по одличната акција го постигна Садио Мане.
Салах и Вирџил ван Дијк во 75. минута имаа одлични можности за потполн резултатски пресврт, но голманот на Челси, Кип Аризабела.
Мечот на сееанглискиот Суперкуп на Европа во Истанбул е завршена со реми 1:1, после што следуваа продолжетоци и пенали.
Веќе во петата минута од првото продолжение фудбалерите на Ливерпул одиграа добра акција која со гол за водство повторно ја реализираше Садио Мане.
Водството на Ливерпул траеше само шест минути, а тогаш Јоргињо изедначи со рутинска реализација на пенал.
До крајот на продолжетоците немаше погодоци, поради што победникот е баран на пенали.
Повеќе смиреност и спортска среќа имаа фудбалерите на Ливерпул кои изведувањето на единаестерците го решија во своја корист со резултат 5:4 и го добија трофејот на Суперкупот на Европа.
По мечот организирана е спектакуларна церемонија на доделување на пехар и медал на Суперкупот на Европа.