Burak Dağ
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ПАРИЗ
Францускиот претседател Емануел Макрон го доведе во прашање справувањето на Кина со епидемијата на Ковид-19, велејќи дека е наивно да се сугерира дека таа се справила добро со кризата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за весникот „Фајненшал тајмс“ (Financial Times) со седиште во Лондон, Макрон изјави дека не може да се направи споредба меѓу земји каде што информациите течат слободно и луѓето можат да ја критикуваат нивната власт и оние каде што вистината е потисната.
„Во однос на овие разлики, направените избори и она што Кина е денес, кое јас го почитувам, да не бидеме наивни да кажеме дека била многу добра во справувањето со оваа криза“, изјави тој.
Макрон исто така предупреди дека доколку земјите од Европската Унија не формираат фонд кој ќе помогне во справувањето со економските последици од пандемијата на коронавирусот, популистите во земјите како Италија, Шпанија и можеби Франција, би ја презеле власта.
Тој додаде дека побогатите членки на ЕУ треба да направат повеќе за економската обнова доколку Блокот преживее.
Осврнувајќи се на иднината на ЕУ, Макрон рече: „Ние сме во момент на вистината, а тоа е да одлучиме дали Европската Унија е политички проект или само проект на пазарот. Мислам дека е политички проект... Ни требаат финансиски трансфери и солидарност за Европа да издржи.“
Досега во Франција од Ковид-19 се излекувале повеќе од 32.800 лица.
Во меѓувреме, Макрон ја продолжи вонредната состојба во земјата до 11 мај.