Michael Gabriel Hernandez
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ВАШИНГОН
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ги овластува гувернерите на сојузните држави да одлучат кога ќе ги отворат нивните земји за економска активност, по масовното затворање како последица на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп за време на синоќешната прес-конференција изјави дека ќе бидат преземени постепени процеси од страна на гувернерите кои „ќе бидат овластени“ од неговиот план „да приспособат пристап што одговара на различните околности на нивните држави“.
„Доколку сакаат да останат затворени, ќе им дозволиме да го сторат тоа, а доколку мислат дека е време за повторно отворање, ќе им дозволиме слобода и водство да ја извршаат таа задача на многу брз начин, во зависност од тоа што сакаат да направат“, изјави тој.
Трамп повеќепати се обидуваше да се прикаже како единствен авторитет кој одлучува кога земјата може повторно да се отвори. Во понеделникот тој изјави дека има „тотален авторитет“ да одлучи кога САД повторно ќе се отворат.
Десеттиот амандман на Уставот го дефинира принципот на федерализам во САД. Во него се наведува јасно дека овластувањата што со Уставот на САД не се делегирани, ниту пак им се забрануваат на државите, се резервирани за државите или за нивниот народ.
Всушност, државните гувернери беа оние кои на нивните територии наметнаа затворање на бизнисите кои не се од суштинско значење и ги повикаа жителите да останат во своите домови за да се спречи ширењето на Ковид-19.