Agim Sulaj
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово откриени се уште 26 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 449, меѓу кои 11 починати и 79 излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Се вели дека во последните 24 часа регистрирани се 2 смртни случаи кои беа соопштени во текот на денот од страна на Инфективната клиника на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека денес излекувани се уште 8 пациенти, со што вкуната бројка на излекувани лица од Ковид-19 во земјата се зголеми на 79.
Денес во Косово се тестирани 195 сомнителни сличаи, додке вкупниот број на извршени тестови во земјата изнесува 3.915.