свет, Коронавирус

Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 813 заразени во Мексико и на 630 во Бразил

- Продолжува трендот на голем број новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка,

Muhammed Emin Canik, Sinan Doğan  | 25.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
Латинска Америка: Ковид-19 причина за смртта на 813 заразени во Мексико и на 630 во Бразил

БУЕНОС АИРЕС

Продолжува трендот на голем број новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пандемијата на новиот тип коронавирус во последните 24 часа одзеде 630 животи во Бразил, 813 во Мексико, 311 во Аргентина, 198 во Колумбија, 44 во Перу, 39 во Еквадор и 25 во Чиле.

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 630 заразени во земјата, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 170.115. Во истиот период детектирани се 31.100 новозаразени, вкупно 6.118.708 од почетокот на пандемијата во оваа земја.

Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.476.018.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 813 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 10.794 новозаразени.

Досега во оваа земја се регистрирани 102.739 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.060.152. Во оваа земја досега оздравеа 791.516 лица заразени со Ковид-19.

Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 311 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.432. Во истиот период се детектирани 7.164 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.381.795.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.210.634 лица заразени со коронавирусот.

Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени, карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 198 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 35.677.

Во последните 24 часа детектирани се 7.515 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 1.262.494. Во оваа земја досега оздравеа 1.167.857 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, се наоѓа на 10. место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 44 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 621 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени изнесува 952.439, бројката на починати е 35.685, а бројката на оздравени лица се зголеми на 882.600.

Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.


- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 39 смртни случаи, вкупно 13.264 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 492 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 на 186.436. Досега во Еквадор оздравеа 164.009 кои биле позитивни на коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 25 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 15.131.

Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.007, вкупно 543.087 лица од почетокот на пандемијата, а од коронавирусот оздравеа 518.834 пациенти.

Чиле на 18 март ги затвори своите граници за странците, а на 23 ноември почна да им дозволува влез на туристите во земјата. Луѓето што ќе влезат во земјата мора да достават негативен тест за Ковид-19, кој е направен најмногу 3 дена пред патувањето.

Во Чиле, каде што по влегувањето во земјата не е потребен карантин, здравствениот статус на оние што ќе влезат во земјата во тек на 14 дена ќе се следи преку мобилна апликација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.