БУЕНОС АИРЕС
Продолжува високата бројка на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на новиот тип на коронавирус во последните 24 часа одзеде 302 животи во Бразил, 250 во Мексико, 120 во Аргентина, 192 во Колумбија, 46 во Перу и 37 во Чиле.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 302 заразени во земјата, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 169.485. Во истиот период детектирани се 16.207 новозаразени, вкупно 6.087.608 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.445.095.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 250 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.483 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 101.926 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.049.358. Во оваа земја досега оздравеа 784.693 лица заразени со Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 120 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.122. Во истиот период се детектирани 4.625 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.374.631.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.203.800 лица заразени со коронавирусот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 192 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 35.479.
Во последните 24 часа детектирани се 6.562 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 1.254.979. Во оваа земја досега оздравеа 1.158.897 заразени со Ковид-19.
Колумбија со популација од околу 50 милиони се наоѓа на 10. место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 46 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 404 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени изнесува 950.557, бројката на починати е 35.641, а бројката на оздравени лица се зголеми на 880.645.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека последните 24 часа од последици на заразеност со коронавирус животот го загубиле 37 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 15.106.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.440, вкупно 542.080 лица од почетокот на пандемијата, а од коронавирусот оздравени 517.524 пациенти.
Чиле, кој на 18 март ги затвори своите граници за странците, на 23 ноември почна да им дозволува влез на туристите во земјата. Луѓето кои ќе влезат во земјата мораат да достават негативен тест Ковид-19, кој е направен најмногу 3 дена пред патувањето.
Во Чиле, каде по влегувањето во земјата не е потребен карантин, здравствениот статус на оние што ќе влезат во земјата во тек на 14 дена ќе се следи преку мобилна апликација.
news_share_descriptionsubscription_contact
