свет

Столтенберг: „Турција игра клучна улога во борбата против тероризмот“

Генералниот секретар на НАТО одржа говор на 66. Годишно заседание на Парламентарното собрание на НАТО и порача дека Турција е многу важен сојузник

Büşra Nur Bilgiç Çakmak  | 24.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
Столтенберг: „Турција игра клучна улога во борбата против тероризмот“

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека Турција игра клучна улога во борбата против тероризмот, обезбедувајќи инфраструктура и платформи за ослободување на територитите контролирани од ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Столтенберг одржа говор на 66. Годишно заседание на Парламентарното собрание на НАТО и порача дека Турција е многу важен сојузник.

За време на заседанието, германскиот пратеник и член на Парламентарното собрание на НАТО, Јурген Тритин, рече дека Турција не ги споделува вредностите на НАТО и нема владеење на правото во земјата.

Тритин, исто така, изјави дека Турција го крши ембаргото на ОН за оружје во Либија и им се заканува на германските пловни објекти во Источен Медитеран.

„Зарем не треба да гледаме на Турција не како на партнер, туку како закана за НАТО?“, рече тој.

Столтенбер на тоа му одговори: „Турција е важен сојузник кој има клучна улога, на пример, во борбата против меѓународниот тероризам“.

Тој изјави дека Турција е единствен сојузник на НАТО кој се бори против ДЕАШ во Ирак и Сирија.

„Тие [Турција] се важни во обезбедувањето на инфраструктура и платформи за ослободување на териториите контролирани од ДЕАШ. Ниту еден друг сојузник не претрпе повеќе терористички напади од Турција и ниту еден сојузник не прифати повеќе бегалци, речиси 4 милиони“, додаде тој.

Столтенберг, исто така, изрази загриженост во врска со одлуката на Турција за купување на руските системи за противвоздушна одбрана С-400 и за настаните во Либија и Источниот Медитеран.

Шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак, исто така му одговори на Тритин.

„Турција е демократска земја, ценет сојузник, која учествува во сите мисии на НАТО. Турција, како што рече и генералниот секретар, е единствена земја која се бори против ДЕАШ гради в гради во Сирија“, изјави Бак.

Тој ги осуди коментарите на Тритин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.