свет, Коронавирус

Италија: Вкупниот број починати од Ковид-19 се искачи на 17.669

Директорот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, на прес-конференција ги сподели најновите информации за Ковид-19 во земјата

Barış Seçkin  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Италија: Вкупниот број починати од Ковид-19 се искачи на 17.669

РИМ (АА) - Во Италија, во текот на последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 542 лица, a вкупниот број смртни случаи е зголемен на 17.699, јавува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, на прес-конференција ги сподели најновите информации за Ковид-19 во земјата.

Борели истакна дека вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирус во земјата се зголемил на 95.262.

Директорот на Цивилната заштита исто така нагласи дека во последните 24 часа се излекувани 2.099 пациенти со Ковид-19 и дека со тоа вкупната бројка на излекувани лица во земјата се зголемила на 26.491. Во едно деноноќие тоа е најголемата бројка на излекувани пациенти од коронавирусот.

Борели, истакнувајќи дека во текот на последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починале 542 лица, рече дека вкупната бројка на починати е зголемена на 17.699, и дека во последните денови продолжува трендот на намалување.

Тој наведе дека е намалена и бројката на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега, и нагласи дека заклучно со денес на интензивна нега има 3.693 пациенти, 99 помалку од вчерашната бројка.

Претставникот на Светската здравствена организација, Раниери Гуера, на заедничката прес-конференција со Борели, во однос со случувањата со Ковид-19 во Италија рече: „Не се работи за јасен пад, но гледаме дека има забавување.“

Во меѓувреме, Борели соопшти дека денес се регистрирани 1.195 нови случаи. Вчера бројката на новорегистрирани изнесуваше 880, во понеделникот 1.941, неделата 2.972, во саботата 2.886, додека изминатиот петок 2.339.

Според податоците, во целата земја до денес направени се 807.125 тестови за Ковид-19.

Во областа Ломбардија, каде што короновирусот зеде најголем замав, бројката на смртни случаи е 238, вчера беа евидентирани 282.

Од друга страна, италијанската Конфедерација на индустријалци (Confindustria), во заедничкото соопштение со претставниците од регионите Ломбардија, Пијемонте, Емилиа-Романа и Венето соопштија дека се согласиле повторно да се отвораат компаниите за да се соочат со последиците од коронавирусот и да ги заштитат фирмите.

„Ако четирите региони на северот на земјата не започнат повторно со производство, земјата ќе биде во опасност целосно да го исклучи моторот“, се нагласува во соопштението на Конфедерација на индустријалци.

Строгите мерки за карантин, спроведени од 10 март низ целата земја се продолжени до 13 април со одлука на Владата.

Италијанските медиуми соопштија дека Владата го проценува постепеното отворање на фабриките и некои продавници по 13-ти април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın