свет, Коронавирус

ЕУ би можела да го продолжи ограничувањето на патувањата до средината на мај

Технички, земјите членки се тие кои треба да ги координираат своите активности, да наметнат ограничувања на патувањата, бидејќи ЕУ нема законска надлежност да наметнува вакви мерки

Ekipa  | 08.04.2020 - Обновена : 10.04.2020
ЕУ би можела да го продолжи ограничувањето на патувањата до средината на мај

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) би можела да ги продолжи ограничувањата за патувања до средината на мај, соопшти денес Европската комисија по повод вонредните мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Кон средината на март, ЕУ одлучи на еден месец да ги затвори надворешните граници за сите патувања кои не се нужни со цел да се сузбие ширењето на вирусот.

Меѓутоа, Европската комисија денес предложи продолжување на ограничувањата на патувањата кон ЕУ до 15-ти мај поради пандемијата на коронавирусот.

Предложено е продолжување на рокот со цел да се осигура дека сите мерки преземени против пандемијата ќе бидат успешно спроведени.

Технички, земјите членки се тие кои треба да ги координираат своите активности, да наметнат ограничувања на патувањата, бидејќи ЕУ нема законска надлежност да наметнува вакви мерки.

Од Европската комисија порачаа дека ограничувањата на патувањата во ЕУ можат да бидат ефективни само доколку ги почитуваат сите земји членки.

Членките на ЕУ во наредните недели треба да одлучат за можно продолжување на ограничувањето за патувања, но во овој момент не е јасно дали овој предлог ќе добие поддршка од сите Влади, бидејќи некои земји планираат постепено враќање во нормален живот од следната недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.