Yusuf Özcan
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Во Франција во последните 24 часа од новиот вид на коронавирус Ковид-19 починаа 541 лице, со што вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 10.869, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Министерството за здравство, Жером Саломон, на прес-конференција ги сподели најновите информации во врска со Ковид-19.
Саломон истакна дека бројот на дијагностицирани со коронавирусот ја достигна бројката од 112.950, со зголемување од 3.881 во последните 24 часа.
Истакнувајќи дека бројот на лица згрижени на интензивна нега е 7.148, Саломон рече дека досега од Ковид-19 вкупно се излекувани 21.254 лица.
Тој исто така додека дека во последните 24 часа починале 541 лице, со што вкупната бројка на починати се зголемила на 10.869.
Саломон наведе дека поради технички проблем, не успеал да обезбеди информации за бројот на смртни случаи и новозаразени од Ковид-19 во текот на 24 часа во старските домови.
Франција е 4. земја во светот по бројот на починати од Ковид-19.
Францускиот министер за труд, Муриел Пеникад, на својот профил во социјалните мрежи истакна дека поради Ковид-19, бројот на невработени лица се зголемил на 6.3 милиони. Како што рече министерот, тоа државата ќе ја чини 19.6 милијарди евра.
Отпуштените работници од државата ќе добијат 70 проценти од нивната бруто плата.