свет, Коронавирус

Во Велика Британија за 24 часа од Ковид-19 починаа 938 лица

Вкупниот број починати се зголеми на 7.097, а бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во последните 24 часа со раст од 5.492 се искачи на 60.733

Hasan Esen  | 08.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Во Велика Британија за 24 часа од Ковид-19 починаа 938 лица

ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија за 24 часа од новиот вид коронавирус Ковид-19 регистрирани се 938 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 7.097, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство, во последните 24 часа забележани се 938 смртни случаи, тоа е најголемата бројка евидентирана досега за едно деноноќие.

Вкупниот број починати се зголеми на 7.097, а бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во последните 24 часа со раст од 5.492 се искачи на 60.733.

Во последните 24 часа тестирани се уште 12. 959 лица, со тоа вкупниот број на тестови за Ковид-19 спроведени во Велика Британија е зголемен на 232.708.

Исто така, соопштено е дека во денешните бројки не се вклучени две подрачја во Лондон и Северна Ирска.

Бројот на починати од Ковид-19 во последните 7 дена е: 563 лица, 569, 684, 708, 621, 439 и 786.

- Владата се повлече од претходниот план за Ковид-19 -

Како првичен одговор на пандемијата, британската Влада усвои пристап на „колективен комунитет“, но порастот на бројот на потврдени случаи на вирусот и смртни случаи како последица на тоа, ги принудија британските власти да воведат построги мерки како што се социјалното дистанцирање и затворањето на училиштата.

Со одлуките донесени на 23 март, движењето е ограничено, затворени се сите трговски сектори, освен маркетите и аптеките.

Принцот Чарлс на 25 март, додека премиерот Борис Џонсон и министерот за здравство Мет Хенкок на 27 март, беа позитивни на тестот за коронавирусот.

Премиерот Џонсон беше хоспитализиран во неделата навечер, а следниот ден беше префрлен на интензивна нега. Принцот Чарлс и министерот за здравство, Хенкок, се излекуваа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.