Safiye Karabacak
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Ирак во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 75 лица, а дијагностицирани се 2.049 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство и животна средина на Ирак се наведува дека со последните 75 смртни случаи од Ковид-19, во земјата од вирусот починале вкупно 3.691 лица.
Исто така, во соопштението се наведува дека во земјата дијагностицирани се 2.049 новозаразени лица, со што бројот на случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 90.220.
Според Министерството, Во Ирак од Ковид-19 оздравеле вкупно 58.492 лица.