Ekipa
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
КУДС (АА) - Израел регистрира најголем број случаи на коронавирусот по глава на жител во текот на изминатата недела, покажуваат податоците објавени вчера од „Оксфорд јуниверсити прес“, универзитетскиот печат на Оксфорд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјата ги надмина Црна Гора и Грузија со просек од 1.013 нови дневни случаи на милион жители во текот на една недела, покажаа бројките на веб-страницата „Our World in Data“.
Околу 10.946 Израелци беа позитивни на вирусот во понеделникот, со што беше соборен претходниот рекорд на земјата од 18 јануари, од 10.118 нови случаи.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека од минатиот вторник до понеделникот биле дијагностицирани 61.185 нови случаи на коронавирусот, во просек по 8.740 новозаразени дневно.
Од почетокот на август, во Израел од коронавирусот починаа 564 пациенти, во споредба со 52 починати во јули и само осум во јуни.
Израелското Министерство за здравство соопшти дека 5,9 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцините против Ковид-19, вклучително и 5,4 милиони кои примиле две дози, додека 2,1 милион примиле трета доза.