свет, Коронавирус

По божиќна забава во Норвешка, 120 заразени со омикрон-варијантата на коронавирусот

- Норвешкиот Институт за јавно здравје соопшти дека омикрон-варијантата е откриена кај 120 луѓе што биле на заедничка вечера во ресторанот „Луиз“ во Осло на 18 ноември

Atila Altuntaş  | 05.12.2021 - Обновена : 06.12.2021
По божиќна забава во Норвешка, 120 заразени со омикрон-варијантата на коронавирусот

СТОКХОЛМ 

Омикрон-варијантата на коронавирусот потврдена е кај 120 луѓе што присуствувале на божиќна прослава во Осло, главниот град на Норвешка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Норвешкиот Институт за јавно здравје соопшти дека омикрон-варијантата е откриена кај 120 луѓе што биле на заедничка вечера во ресторанот „Луиз“ во Осло на 18 ноември.

Во вестите на државната телевизија НРК наведено е дека меѓу оние што присуствувале на божиќната вечера на норвешката енергетска компанија „Scatec“ имало и лица што се вратиле од деловни патувања од Јужноафриканската Република и дека тие ја ширеле омикрон-варијантата на коронавирусот.

Општина Осло ги замоли присутните во ресторанот на 18 ноември да ја контактираат општината.

Еспен Роструп Накстад, заменикот директорот за здравство на Норвешка, рече дека симптомите на омикрон се многу благи и болеста напредува со благи симптоми.

Од градската управа на Осло од 2 декември се напоменува дека омикрон-варијантата е откриена кај најмалку 50 луѓе што присуствувале на вечерата и дека се очекува тој број да се зголеми.

Во Норвешка досега се откриени 282.918 случаи на Ковид-19, а починале 1.093 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.