Vesna Besic
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
ЗАГРЕБ
Омикрон-варијантата на коронавирусот службено е евидентирана во Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Руѓер Бошковиќ“ извести дека по соопштението на Хрватскиот завод за јавно здравје дека е утврдено сомневање за присуство на омикрон-варијантата на коронавирусот кај еден пациент во Хрватска, можат да потврдат дека потенцијално позитивниот примерок на присуство на новиот вид коронавирус е направен на поликлиниката „Медикол“ на 1 декември во рамките на ПЦР-тестирање.
„Лицето кое присуствувало на тестирањето изразило сомневање за можност на зараза со омикрон-варијантата на коронавирусот, поради контакт со лице од Јужноафриканската Република“, објави Институтот „Руѓер Бошковиќ“.
Примерокот е упатен на понатамошна обработка во Лабораторијата за напредна геномика во Институтот „Руѓер Бошковиќ“, под раководство на д-р спец. Оливера Вугрека.
„РТ-ПЦР-анализата укажа на одредени отстапувања во споредба со другите варијанти на коронавирусот. Понатамошната насочена анализа со секвенционирање на клучните региони на геномот на Ковид-19 докажаа присуство на мутација карактеристична за варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус“, соопштија од Институтот „Руѓер Бошковиќ“.
За резултатите се известени Хрватскиот завод за јавно здравје и Министерството за здравство. Се чека нивна службена потврда.
Исто така, се напоменува дека се потребни 72 часа за да се добие конечен резултат од секвенционирањето.