Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
03 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
БРАТИСЛАВА
Во последните 24 часа во Словачка е регистрирана највисоката бројка на новозаразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19) на дневна основа од почетокот на епидемијата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Словачка со популација од приближно 5,5 милиони жители, во последните 24 часа се детектирани 15.278 лица позитивни на Ковид-19, што претставува највисока бројка на новозаразени на дневна основа од почетокот на епидемијата.
Во Словачка каде што досега се откриени 712.749 случаи позитивни на коронавирусот, бројката на заразени што ги загубија животите се зголеми на 14.696, од кои 90 во последното деноноќие.
Во земјата, каде што се применува двонеделен полициски час во рамки на превентивните мерки против Ковид-19, затворени се сите бизниси, освен маркетите и аптеките.
- Полска
Во Полска продолжува да се зголемува бројката на новозаразени и на смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во Полска со население од приближно 40 милиони, во последните 24 часа се регистрирани 26.965 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што, вкупниот број на лица позитивни на вирусот се искачи на 3.623.452. Вкупниот број на заразени што починаа од последици на заразувањето со Ковид-19 се зголеми на 85.126, од кои 470 починаа во последните 24 часа.
- Чешка
Во Чешка во последните 24 часа се регистрирани 18.582 нови случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 2.211.972.
Од последици предизвикани поради заразувањето со Ковид-19, досега во Чешка животот го загубија 33.450 лица, од кои 50 во последните 24 часа.
- Унгарија
Во Унгарија во последните 24 часа се детектирани 10.143 нови случаи на заразување со коронавирусот.
Во оваа земја во која до денес се регистрирани 1.134.869 случаи на Ковид-19, од последици предизвикани од заразувањето со вирусот, животот го загубија 35.122 лица, од кои 191 во последното деноноќие.
- Австрија
Според податоците што ги објави австриското Министерство за здравство, во последните 24 часа се откриени 6.738 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во Австрија достигна 1.185.982. Од последици предизвикани од коронавирусот животот го загубија 12.693 заразени, од кои 68 во последните 24 часа.