Ekip
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
РАМАЛА
Израелските сили на Западниот Брег спроведоа рација во Хеброн, приведувајќи 24 Палестинци, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на локалните официјални лица, израелските сили спровеле рација во местото Суриф во Хеброн и пребарале голем број куќи, при што приведени се 24 лица.
Израелските сили често приведуваат Палестинци под различни обвинувања. Меѓу приведените има малолетници и жени.
Според проценките на палестинските групи за заштита на правата, во израелските затвори се наоѓаат околу 4.650 Палестинци, вклучувајќи жени и деца, и повеќе од 350 административни притвореници. Казната административен притвор им дозволува на израелските власти по истекувањето на казната да им го продолжат притворот на лицата на период од шест месеци.