Andrew John Roesgen
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
ЧИКАГО
Федералното истражно биро (ФБИ) и државната полиција на Мичиген трагаат по родителите на тинејџерот кој е обвинет за пукањето во средното училиште во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во потрагата се приклучија и американските маршали кои се специјализирани за откривање бегалци.
Џејмс и Џенифер Крамбли се родители на Итан Крамбли (15), кој е обвинет за повеќекратно убиство и тероризам, откако полицијата го обвини дека пукал во средното училиште „Оксфорд“, северно од Детроит.
Секој од родителите во петокот е обвинет по четири точки за убиство од небрежност, што се однесуваат на четирите убиени ученици.
Речиси без преседан е родителите да бидат обвинети за масовно пукање на детето, но обвинителите изјавија дека однесувањето на брачниот пар, вклучувајќи го и игнорирањето на црвените знаменца за однесувањето на нивниот син, било „неверојатно“.
Крамбли не се појавија на судењето бидејќи обвинителката на округот Оукленд, Карен Мекдоналд, најавуваше обвиненија.
„Си-ен-ен“ (CNN) објави дека службениците за спроведување на законот рекле дека парот подигнал 4.000 долари од банкомат и ги исклучил мобилните телефони.
Адвокатите на брачниот пар објавија соопштение во кое го оспоруваат извештајот дека парот се обидел да избега и наведуваат дека всушност се упатиле во Мичиген откако ја напуштиле државата поради својата безбедност по пукотниците.
Меѓутоа шерифот на округот Оукленд изјави дека парот не комуницирал ниту со своите адвокати, што е показател дека се во бегство.